
ЦВЕТА ЈОСИФОВСКА, АНГЕЛА ИВАНОВСКА И ДИЈАНА МУШОВСКА од Комерцијална банка се прогласени за најдобри службеници за 2025 година
По повод традиционалниот избор на најдобри банкарски работници што го организира Македонската банкарска асоцијација по повод Денот на штедењето, оваа година признанието им припадна на повеќе истакнати професионалци од банкарскиот сектор. Од Комерцијална банка признанието го добија Цвета Јосифовска – самостоен стручен соработник-контролор во Секторот за работа со население, Ангела Ивановска – стручен соработник за







