Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

ИРЕНА ВУРМЕСКА БОЦЕВСКА Е НАЈДОБАР БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ЗА 2025 ГОДИНА од Штедилница Можности

6 ное. 2025 г.·2 мин читање·2775 прегледи

Следете не на Viber

Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците од страна на Македонска банкарска асоцијација.

Наградата најдобриот банкарски службеник од Штедилница Можности ја доби Ирена Вурмеска Боцевска – раководител во Службата за логистика на продажба, која веќе 15 години е дел од тимот на Секторот трансакции и логистика на продажба во Штедилницата

„Верувам дека суштината на успехот лежи во континуирана посветеност, длабоко разбирање на потребите на клиентите и силна поддршка на тимот. Во рамки на поддршката на продажбата, резултатите не се мерат исклучиво преку бројки, туку и преку ефикасноста, прецизноста и подготвеноста да се делува проактивно. Со текот на годините, секој предизвик го доживувам како можност за професионален развој и унапредување на личните и тимските вештини. Оваа награда за мене претставува професионално признание за сите години посветена работа, но и силна мотивација да продолжам со уште поголема енергија и ентузијазам. Признанијата од ваков тип не се само симболични, тие се потсетник дека секој вложен напор, секоја одговорност и секој ден исполнет со посветеност, имаат значење. Верувам дека успехот се гради тивко, но стабилно, со знаење, интегритет и истрајност“, вели Вурмеска Боцевска за порталот Пари.

Оттаму додаваат дека за штедилницата, оваа награда е потврда дека се вреднува секој поединец и секоја улога – не само оние што се во директен контакт со клиентите, туку и оние кои ја движат поддршката и процесите одвнатре. Таа испраќа силна порака дека успехот е резултат на заеднички труд, тимска синергија и култура на почит и препознавање. Ваквите признанија ја зајакнуваат мотивацијата и ја поттикнуваат посветеноста кај сите вработени.

Катерина Михајлова

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Ирена Вурмеска Боцевска
  • Македонска банкарска асоцијација
  • најдобар банкарски службеник за 2025
  • Штедилница Можности
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk