Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЈОВАНА ТРПЕСКА, АЛЕКСАНДАР БОГОЕВСКИ И АНИТА ТАНЕВСКА се најдобри банкарски службеници за 2025 во Шпаркасе банка

6 ное. 2025 г.·3 мин читање·5877 прегледи

Следете не на Viber

Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците од страна на Македонска банкарска асоцијација.

Наградите најдобри банкарски службеници од Шпаркасе Банка ги добија Јована Трпеска од Битола, Александар Богоевски од Струга и Анита Таневска од Скопје.

Таневска во Шпаркасе Банка работи веќе шест години, како што вели таа за порталот Пари, време исполнето со посветеност, учење и континуиран професионален раст и искрено дружење со колегите, кое ја прави работата уште поубава и инспиративна. „Оваа награда за мене е потврда дека посветеноста, професионалноста и грижата кон клиентите секогаш се препознава и вреднува, но и поттик и инспирација да продолжам со уште поголема одговорност и страст во иднина“, истакнува Анита Таневска, Соработник за односи со население, Скопје

Според неа успешен банкарски професионалец се станува пред сѐ со знаење, интегритет, посветеност, тимска работа и кога секоја одлука се носи во интерес на клиентот и на институцијата.

„Успешен банкарски професионалец се станува со голема посветеност и љубов кон работата, но се разбира голем фактор има и прекрасниот тим со кого што соработувам. Ако со љубов ја работиш работата секогаш се стремиш да бидеш најдобра верзија од себе. Во Шпаркасе Банка сум две и пол години и секој предизвик е нова можност за мој личен и професионален успех. За мене ова признание претставува голема мотивација за понатамошното работење и достигнување нови поголеми успеси“, истакна Јована Трпеска, благајник – помлад соработник, за порталот Пари.

Наградениот Александар Богоевски, самостоен соработник за односи со мали и средни претпријатија, ни посочи дека да се биде успешен банкарски професионалец бара комбинација од знаење, интегритет, тимски дух, детален пристап во работата, ентузијазам и постојан личен развој.

„Клучно е да се поседува силна финансиска едукација, аналитичко размислување и внимание на деталите, како и високо ниво на професионална етика и доверливост. Така успехот доаѓа кога трудот и искреноста ќе се спојат во едно, но морам да напоменам „најдобар“ не се станува сам, „најдобар“ се станува кога имаш тим кој те поддржува, мотивира и поттикнува да бидеш подобар секој ден. Оваа награда за мене претставува едно големо признание за мојот вложен труд, посветеност кон работата и професионализам. Таа е потврда дека вреди да се работи со страст и одговорност и ме мотивира да продолжам со уште поголема посветеност во иднина. Во Шпаркасе Банка работам веќе 15 години и горд сум што сум дел од оваа институција која ми овозможи да се равивам професионално и лично“, вели Богоевски.

Катерина Михајлова

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Македонска банкарска асоцијација
  • најдобар банкарски службеник за 2025
  • шпаркасе банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk