
Плинот поевтин за 5 денари по литар – владините мерки даваат резултати вели Митева
Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас, односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар, рече владината портпаролка Марија Митева, која на денешната прес-конференција ја информираше јавноста








