Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Економијата и развојот врвен приоритет на власта – Презентирана владината програма 2025

23 јан. 2025 г.·3 мин читање·1347 прегледи

Следете не на Viber

Држава во која системот функционира, просперитетна економија, Влада која работи за граѓаните и на која граѓаните ѝ веруваат – е визијата на македонските власти, чија програма за годинава, усвоена на 45-та седница, пред јавноста ја елаборираше портпаролката Марија Митева.

Програмата 2025 е заснована на неколку клучни столбови, но врвен приоритет е заживувањето на економијата. Од стратешко значење се и довербата во институциите, ефикасната борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото.

„Програмата за 2025 година е во функција на остварување на стратешки приоритети за периодот 2024 – 2028, секој дизајниран да одговори на итните предизвици: од обновување на довербата во институциите, ефикасната борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото. Се разбира, економското заживување на земјата е наш врвен приоритет“, посочи Митева.

Во тие рамки, активностите ќе се одвиваат во реализација на проекти со кои ќе се поттикне силен циклус на економски раст, ќе се подобри татранспортна инфраструктура, ќе се зголеми животниот стандард, односно живтото ќе биде подобар и поквалитетен за секого. „Отворање нови работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација на јавните услуги“, наведе портпаролката Митева.

„Содржината на оваа програма е поделена по тематски подрачја и е поделена по динамика, по месеци за секој приоритет, што уште еднаш ја потврдува нашата посветеност на транспарентност и на предвидливост којашто можат да ја имаат граѓаните, да знаат што можат да очекуваат“, рече Митева, додавајќи дека целта е да се даде навремена испорака и мерливи резултати.

Првиот дел од програмата се однесува на акти и материјали по кои одлучува Собранието, над 120, а Митева како пример ги наброи предлог-законските решенија за управување со движење на предметите во судовите, за судска и јавна обвинителска служба, за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

„Во вториот дел пак, кој се однесува на работата на Владата и на акти и материјали коишто ги носи Владата, опфатот е поширок на сите сегменти. Би го споменала делот на образованието како што се реконструкција на училишни објекти, годинашниот буџет е за 6 милијарди денари повисок од оној којшто беше во минатата година или вкупно е 38 милијарди денари. Зголемени се блок дотациите кон општините затоа што ќе се прави покачување на платите на вработените во образованието веќе од месец март за 7%“, посочи Митева.

Притоа, додаде дека од овој месец повисоки плати ќе добијат вработените во високообразовните установи. Наставниот кадар за 14, а ненаставниот кадар за 8 проценти.

„Во програмата за работа на Владата околу стотина активности се однесуваат на обврските од Реформската агенда за 2024-2027 година и Планот за раст на земјите од Западен Балкан, што уште еднаш ја потврдува сериозната заложба за реформи кои се однесуваат на препораките од Европската унија“, вели владината портпаролка.

Клучни зборови

  • борба против криминал и корупција
  • доверба во институции
  • економско заживување
  • животен стандард
  • Марија Митева
  • Програма на Владата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk