Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Се затвораат три дискотеки – Имале лиценци, немале услови за работа

19 мар. 2025 г.·2 мин читање·4999 прегледи

Следете не на Viber

Три од 12 контролирани објекти со активна лиценцане ги исполнуваат минимум техничките услови за работа и ќе добијат забрана за вршење дејност. Сѐ уште е во тек проверката на документацијата од другите девет дискотеки. Моменталната состојба ја презентираше владината портпаролка, Марија Митева, на заедничката прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и со директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојановски.

„Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност. За останатите девет ве информирам дека сѐ уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации. Во однос на ваквата состојба, веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно закон ќе бидат преземени“, соопшти Митева.

Деновиве на терен се повеќе од десет тимови на Државниот пазарен инспекторат кои вршат контрола. Според Митева, ќе се проверат сите, до детал. А, направен е и план за проверка на дискотеките и клубовите кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.

Клучни зборови

  • дискотеки
  • ДПИ
  • лиценца
  • Марија Митева
  • прес конференција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk