
ИНТЕРВЈУ I СОТИР ЛУКРОВСКИ: На Карпош му треба реална акција, а не козметика и бесмислен театар
Карпошанин по раѓање, семеен човек, дипломиран економист, тоа е Сотир Лукровски, кој очекува дека во недела ќе се стекне со можноста да менаџира со Карпош. Има идеи како да ја моделира општината по теркот на граѓаните и да докаже дека локалната власт навистина работи за доброто на сите. Во предизборието ги изнесе своите согледувања и










