Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува гласачите да заокружат 9: Имаме модел кој гради и носи резултати

29 окт. 2025 г.·2 мин читање·285 прегледи

Следете не на Viber

Во изминатите четири години градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може да се раководи транспарентно, отчетно и во корист на интересите на граѓаните. Градоначалниците работеа со интегритет и визија и во многу општини го надминаа ветеното, односно испорачаа повеќе од она што првично беше зацртано во нивните програми, пишува во партиското соопштение, каде што се вели дека резултатите се видливи, а граѓаните покажаа дека се задоволни уште во првиот круг на локалните избори.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи суштинска промена во начинот на кој централната власт во државата соработува со локалната самоуправа. Преку поддршката која Владата им ја овозможува на општините се реализираат капитални инвестиции, се отвораат нови можности и се решаваат проблеми што со години стоеле само на хартија.

Се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го менуваат секојдневието на граѓаните.

Тоа е моделот на управување што го има ВМРО-ДПМНЕ, модел кој гради и обединува, а најважно носи резултати.

Локалните самоуправи имаат партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се обезбедат подобри услови за живот за секој граѓанин, секоја општина да има услови да напредува, независно која политичка боја ја има локалната администрација.

Таа поддршка не значи само финансиска помош. Таа значи соработка, отворени врати, континуиран дијалог и процес во кој заедно со градоначалниците се идентификува она што им е навистина потребно на граѓаните и решенија кои се одржливи.

На 2 ноември, имаме можност да го потврдиме овој правец. Ги повикуваме граѓаните од Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебрца и Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје, да излезат, да изберат напредок и да го направат вистинскиот избор со заокружување на бројот 9! За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, порачуваат од партијата.

Клучни зборови

  • вмро-дпмне
  • локални избори 2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk