
Фајзер очекува 26 милијарди долари заработувачка од вакцини
Американската фармацевтска групација Фајзер објави дека очекува да продаде 1,6 милијарди дози вакцини против инфекција со ковид-19, во вредност од 26 милијарди американски долари. На крајот на февруари, компанијата процени дека ќе продаде вакцини за околу 15 милијарди долари до крајот на годината. Во меѓувреме, Фајзер потпиша дополнителни договори, меѓу другото, и со Европската комисија.
