Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Фајзер очекува 26 милијарди долари заработувачка од вакцини

5 мај 2021 г.·1 мин читање·930 прегледи

Следете не на Viber

Американската фармацевтска групација Фајзер објави дека очекува да продаде 1,6 милијарди дози вакцини против инфекција со ковид-19, во вредност од 26 милијарди американски долари.

На крајот на февруари, компанијата процени дека ќе продаде вакцини за околу 15 милијарди долари до крајот на годината. Во меѓувреме, Фајзер потпиша дополнителни договори, меѓу другото, и со Европската комисија.

Компанијата во вторникот објави дека се постигнати договори со Канада и Израел за обезбедување вакцини по оваа година, како и за преговори со голем број други земји.

Вкупните приходи на Фајзер годинава се очекува да бидат помеѓу 70,5 и 72,5 милијарди долари, во споредба со претходно предвидените 59,4 и 61,4 милијарди.

Компанијата продаде вакцини за 3,5 милијарди долари во првиот квартал.

Нето добивката на компанијата се зголеми за 45 проценти на 4,9 милијарди евра, додека акциите во електронското тргување пред отворањето на берзата на Вол Стрит пораснаа за 1,3 проценти.

Клучни зборови

  • вакцини
  • заработувачка
  • Фајзер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk