Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Почна пребројувањето на заработувачката од вакцините, Астра Зенека ги објави приходите

3 мај 2021 г.·2 мин читање·6837 прегледи

Следете не на Viber

Фармацевтската компанија Астра Зенека објави дека продажбата на вакцини во првиот квартал и донесе приход од 275 милиони долари, што е повеќе од очекуваното. Ова е првиот производител на лекови што објави финансиски детали за дистрибуција и продажба на вакцини. Компанијата објави дека нема да оствари профит од вакцините за време на пандемијата, пренесува порталот Кликс.

Вкупните приходи на компанијата, кои вклучуваат плаќања кои произлегуваат од соработка со други компании, се зголемија за 11 проценти во првите три месеци од годинава и достигнаа 7,32 милијарди долари.

И германскиот производител Synlab произведе 11,6 милиони PCR тестови минатата година и им донесе 620 милиони евра промет од вкупно 2,6 милијарди промет на целиот концерн. Корона им донесе 38 проценти зголемување на прометот. Оваа година сметаат на нов раст од 17 проценти, пишува Дојче веле.

Ова се само некои од примерите за голема заработка на фармацевтите. Покрај зголемената продажба, многу од нив отворија и нови пазари, што во иднина отвора простор за пласман на целата нивна стока.

Според податоците на Еуростат, Словенија има најголем пораст на увозот на медицински помагала, од 31 процент, но и втор најголем пораст на извозот – 42 проценти. На прво место според увозот на медицински помагала минатата година била Грција, каде што извозот од овие добра се зголемија во споредба со 2019 година, дури 48 проценти.

Главните дестинации за извоз на медицински и фармацевтски производи надвор од Европската унија беа Соединетите држави (34 проценти од извозот на овие стоки од ЕУ отидоа на тој пазар), следени од Швајцарија (12 проценти), Велика Британија (8 проценти) и Кина (6 проценти).

Минатата година, Европејците купуваа најмногу медицински и фармацевтски производи од Швајцарија (35 проценти од вкупниот увоз на ЕУ), САД (28 проценти) и Велика Британија (12 проценти).

Помеѓу 2019 и 2020 година, трговијата со лекови од Швајцарија, Велика Британија и други земји се зголеми, со исклучок на увозот од САД.

Клучни зборови

  • астра зенека
  • вакцини
  • заработувачка
  • фармација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk