
МОДНИОТ ЛАНЕЦ ЗАРА ЈА ПОВЛЕЧЕ РЕКЛАМНАТА КАМПАЊА, соочен со критики дека се подбива со страдањата на цивилите во појасот Газа
Модната компанија Зара ја отстрани контроверзната рекламна кампања од насловната страница на својата веб-страница, откако пропалестинските активисти повикаа на бојкот на трговецот на мало. Индитекс, компанијата која е сопственик на Зара, во понеделникот соопшти дека промената е дел од нормалниот процес на освежување на содржината и дека фотографиите се направени во септември, пред актуелната војна






