Мотивациони пораки на милјардерот Ортега

2 мин читање450 прегледи


Амансио Ортега е шпански милијардер бизнисмен кој е основач на модната група „Индитекс“, позната по својот ланец продавници за облека и додатоци „Зара“. Ортега е меѓу најбогатите личност во Европа.
Во продолжение се најдобрите цитати на Амансио Ортега, кои се однесуваат на парите, кариера и успехот, во голем дел поврзани со неговиот бренд.
-
Клиентот е тој кој што го води деловниот модел
-
Јас сум сопственост на мојот бизнис, а не обратно
Мора да се појавувате три пати во весниците: кога сте родени кога ќе стапите во брак и кога ќе умрете
„Зара“ ќе остане најголемата и најинтернационална марка
Мора да бидеме ентузијасти и внимателни за да ги претвориме идеите и проектите во реалност
Една работа не е променета – иновативниот дух и поривот за подобрување како движечка сила
Да ги задоволиме потребите на нашите клиенти со најновата мода
Клучниот дел од деловниот модел на „Индитекс“ е неговиот човечки капитал
Иновативноста и посветеноста кон нашите клиенти ја дефинираат нашата корпоративна култура
Ние мора да бидеме во состојба да го задржиме талентот, да го задржиме и мотивираме нашиот персонал и да регрутираме нови лица во компанијата со брзо темпо и истовремено да постигнеме нов изглед на компанијата и потребната амбиција да биде движечка сила што ќе ни овозможи да исполниме нови и амбициозни цели
Со сигурна филозофија и деловна култура способни сме да се спротивставиме на предизвиците што се појавуваат
Мора да бидеме свесни дека искуството што го стекнавме не е доволно за да го гарантираме нашето лидерство. Ние исто така мора да бидеме посветени на нашата компанија
Деловната ефикасност е израз на квалитетот на управувањето со нашиот бизнис, сложената мрежа на активности на вертикално интегрирана група за дистрибуција на мода, која дизајнира, произведува и продава на три континенти.
Најголем предизвик? Да мотивирате 90.000 луѓе да работат за остварување на една единствена цел.