
Ванчо Чифлиганец доби признание за животно дело од Општина Радовиш
На свечената академија по повод 80 годишниот јубилеј од ослободувањето на Радовиш, синоќа проф. д-р Ванчо Чифлиганец го доби највисокото признание, 6-то ноемвриската плакета за животно дело. Во образложението на одлуката на Општина Радовиш стои дека името на Ванчо Чифлиганец го красат многу титули, професор, доктор, филантроп, дека неговата биографија е долга и богата. Дека
