Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Признание за животно дело во областа на туризмот за членови на ССК

27 сеп. 2022 г.·3 мин читање·1116 прегледи

Следете не на Viber

Истакнати членови на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија се закитија со Признание за животно дело заради оставање на препознатлив и уникатен белег во дејноста и давање на значаен придонес за развој на туризмот во нашата земја. Овие признанија ги доделија на иницијатива на Сојузот, а ги врачи министерот за економија, Крешник Бектеши по повод одбележување на 27 Септември, Светскиот ден на туризмот.

Добитници на признието се  Ангел Иванов , Момир Рафајлоски, Стефан Мишевски, Јуксел Керим, Радослав Симевски, Јован Танасоски, Миле Спироски, Стојан Филипоски, Перо Митров, Славе Сирачевски, Мирослав Чоневски, Менан Мемеди и Петар Јанев.

На петмина туристички работници признанието се доделува постхумно, Илија Камнар, Зибер Бислими, Енвер Малиќи, Ставре Николоски и Олгица Илијоска.

„ Ова се туристичките херои на нашата земја кои својот професионален живот го посветиле на развојот на туризмот, покажале извонредно лидерство, иновативност и иницијативност поради што и заслужуваат да бидат посебно истакнати во знак на оддавање јавно признание за сработеното но и како поттик и пример за новите генерации на туристички работници. Хероите на туризмот вложиле напори за промовирање на земјата, нејзините убавини и потенцијал, на локално, регионално и меѓународно ниво, што е од исклучителна вредност за развој на туристичката индустрија“, истакна Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителската комора и претседател на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот кој е и иницијатор за доделување на ова признание кое во нашата земја се доделува за први пат.

Според Заводот за статистика заклучно со јули оваа година бројот на туристи изнесува 486.988 а бројот на ноќевања 1.393.122. Иако се забележува напредок во однос на минатата година сепак бројот на туристи се уште го нема достигнато пред пандемиското ново, за споредба во првите седум месеци во 2019 година бројот на туристи кои ја посетиле нашата земја изнесува 622.724, додека бројот на ноќевања е 1.626.461.

За зголемување на бројот на туристи потребна е похрабра визија и подобра промоција, како и креирање на настани во текот на целата година на нашите туристички дестинации со цел да се привлечат поголем број на туристи. Сојузот планира и заеднички проекти со општините со цел преку интегриран пристап  да се промовираат туристичките дестинации. Иницијативата „Отворен Балкан“ исто така нуди многу можности бидејќи од една страна може да го олесни протокот на туристи на граничните премини, а од друга да го поттикне креирањето на заеднички туристички понуди, што полесно привлекува туристи од Азија, Америка, Канада. Туристичкиот сектор за да може да даде подобар стимул за економски раст очекува и државна поддршка за справување со предизвиците кои ги носи енергетската криза, како и недостигот на кадар.

Светски ден на туризмот оваа година се одбележува по 42 пат, под мотото “Rethink Tourism”, што всушност ја апострофира потребата да се направи пресек на развојот на туризмот, целта кон која се стреми, како да се постигне таа цел. Домаќин на овогодинешниот настан е Бали, Индонезија.

Клучни зборови

  • животно дело
  • признание
  • Сојуз на Стопански Комори на Македонија
  • сск
  • туризам
  • Туристичко-угостителската комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk