Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ванчо Чифлиганец доби признание за животно дело од Општина Радовиш

7 ное. 2024 г.·3 мин читање·838 прегледи

Следете не на Viber

На свечената академија по повод 80 годишниот јубилеј од ослободувањето на Радовиш, синоќа проф. д-р Ванчо Чифлиганец го доби највисокото признание, 6-то ноемвриската плакета за животно дело.

Во образложението на одлуката на Општина Радовиш стои дека името на Ванчо Чифлиганец го красат многу титули, професор, доктор, филантроп, дека неговата биографија е долга и богата. Дека е човек кому сè му оди од рака во професионалниот и приватниот живот, но и дека тој никогаш не го заборава родниот крај и своето огниште, од каде одамна излегол, носејќи го својот Радовиш во срцето, поддржувајќи го во неговите „шампионски“ потфати. Признанието за животно дело, на Чифлиганец му е доделено за неговиот значаен придонес во унапредувањето на економијата, стандардот, спортот и социјалниот живот во Радовиш, во времето на директорувањето со некогашниот рудник „Бучим“, во неговата златна деценија, кога работниците меѓу другото, добивале 13-та плата. За развојот на регионот на Радовиш, Чифлиганец доста помогнал и како активен пратеник во два мандати во Собранието на Македонија.

За неговиот придонес како спортски работник , кому спортот му е во душата, а борењето пасија, говорат европската и светската шампионска титула на Борачкиот клуб „Бучим Јака“, ненадминат спортски успех досега во Македонија. Комисијата за доделување на 6-то ноемвриските признанија, го потенцира и деловниот успех на Чифлиганец со неговата градежна компанија Адора инженеринг, која 22 години континуирано се развива и унапредува, ширејќи го бизнисот  во повеќе економски сфери и географски подрачја, прераснувајќи во потврдено успешен,  препознатлив бренд , со интернационално реноме.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој во очите на радовишани е човек, што и натаму неуморно создава, работи и има визии кои секогаш се остваруваат, по врачувањето на наградата за животно дело се заблагодари за укажаната чест со признанието, како и за радоста, љубовта и инспирацијата што му ги даваат неговите радовишани. Чифлиганец, еден од најуспешните Македонци родум од Радовиш, кој изминатите 40-тина години има реализирано голем број хумани и општествено одговорни проекти за поддршка на радовишани, заедницата и општеството, продолжува и натаму со својата економска и филантропска мисија.

Клучни зборови

  • Адора Бизнис Групација
  • Ванчо Чифлиганец
  • животно дело
  • Општина Радовиш
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk