
КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ГОЛЕМИ ПАРИ ВО МАЛ БРОЈ ФИРМИ: Јавните набавки по македонски терк
На јавните набавки годишно се трошат околу 1,5 милијарди евра. Од 3.300 до 3.800 фирми годишно стануваат победници на распишаните тендери. Но, кајмакот го собираат десет. За пет години склучиле договори вредни една милијарда и 28 милиони евра. Некои од нив живеат од и за тендерите. Односно, вредноста на нивните остварени приходи е пониска од





