Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЕДС АД дел од одбележувањето на Денот на Европа

13 мај 2023 г.·2 мин читање·1723 прегледи

Следете не на Viber

Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС АД) со големо задоволство годинава се вклучи во поддршка на одбележувањето на Денот на Европа.

Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа ЕДС ги спонзорираше работилниците на грчкиот уметник Атанасиос Кацарас организирани од Амбасадата на Република Грција во средното училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ и Факултетот за ликовни уметности кои се одржаа на 11 мај, како и работилниците во гимназиите „Орце Николов“ и „Јосип Броз“ во Скопје на 12 мај.

Со поддршка од ЕДС на 13 мај во паркот Гази Баба во рамки на пикникот по повод Денот на Европа се одржа детска работилница за глина „Коропластична уметност – Играчки и фигурини во античка Грција“. Работилниците се спроведоа со цел децата и учениците да добијат основни познавања за керамичката уметност од Хеленистичкиот период, од праисторијата до денешно време.

Познатиот сликар на вазни, Кацарас во текот на работилниците ги запозна децата со историјата на сликање на вазни во Грција, античките методи на цртање и мотивите кои најчесто се користат во оваа уметност. Децата во текот на работилницата имаа можност и самите да цртаат и да создадат свое мало уметничко дело.

„Ни беше голема чест и задоволство преку спонзорирање на работилниците на познатиот уметник Атанасиос Кацарас да бидеме дел од одбележувањето на Денот на Европа. Веруваме дека со ова придонесовме децата да се запознаат со една префинета уметност, а дополнително и во промоцијата и зачувувањето на уметноста и културната размена. Како компанијата, која е дел од грчката национална енергетска компанија PPC Group, остануваме посветени на создавање позитивно влијание во нашата заедница и пошироко преку инвестирање во иницијативи кои се во согласност со нашите вредности и мисија“, вели Илијас Тсоукалас, Главен финансиски директор во ЕДС АД.

Тимот на ЕДС АД силно верува во важноста на општествената одговорност и останува посветен на продолжување на напорите за поддршка и спонзорирање хуманитарни настани и добротворни организации и во иднина.

Клучни зборови

  • ЕДС
  • Енерџи Деливери Солушнс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk