Порталот Пари веќе анализираше кои се компаниите што ги добиле најголемите 5 тендери во текот на годинава, а во ова продолжение зборуваме за втората петорка од листата ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ ТЕНДЕРИ.
На врвот од листата втори ТОП 5 компании е Руд-коп од Битола, која на 3 октомври годинава склучила договор со ЕСМ вреден 11,5 милиони евра за ископ на инвестициска откривка во Рудникот Брод-Гнеотино, во рамки на РЕК „Битола“. Ист ваков тендер и за иста сума Руд-коп има добиено и во 2021 година. Но, покрај тоа, компанијата редовно учествува и врши и други услуги за РЕК „Битола“, а во врска со ископот на јаглен. Во 2020 година, компанијата добила тендер од 5,4 милиони евра за ископ на кровинска јаловина во Брод-Гнеотино, во 2019 година ‒ 5,5 милиони евра за ископ на јаглен, меѓуслојна и кровинска јаловина во ПЕ рудник во РЕК „Битол…