
Формирана првична база од 170 ексерти за стручна поддршка на општините – повикот повторно отворен
Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, по првиот пресек на пристигнатите апликации, ја формираше првичната база од 170 експерти и практичари, со што се поставува силна основа за навремена, стручна и таргетирана поддршка на општините во решавање на конкретни локални предизвици, информира министерот за локална самоуправа, Златко Перински.





