Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Средба Бесими со експертите: Даночната реформа започнува, кои се петте приоритети?

14 апр. 2021 г.·3 мин читање·1053 прегледи

Следете не на Viber

Даночната реформа започнува годинава, преку реализација на 13 цели и 40-тина активности и многу бројни подактивности од Акцискиот план за 2021 година за спроведување на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година. Мерките предвидуваат анализи, примена на модели и искуства, а ќе бидат проследени со јавни расправи и консултации. Решенијата кои ќе се донесат ќе бидат резултат на овој процес.

Во рамки на овој процес е и денешната дискусија за даночната реформа на министерот за финансии Фатмир Бесими и претставници на академската и експертската заедница – академици од Македонската академија на науките и уметностите Таки Фити и Абдулменаф Беџети иуниверзитетски професори и експерти кои ја покриваат областа на даночната регулатива како Трајко Славески, Владимир Филиповски, Никола Поповски, Александар Стојков, Благица Петрески, Марјан Петрески, Александра Наќева-Ружин, Глигор Бишев, Никица Мојсовски и Горан Рафајловски.

Подобрување на постојната даночна политика и нејзино усогласување со ЕУ, обезбедување праведна конкуренција, анализа на даночната основа, намалување на даночната евазија, намалување на даночните долгови, подобрување на капацитетите на институциите во даночниот систем, зголемување на транспарентноста, подобрување на контролните механизми, подобрување на услугите и воведување на стимуланси за еколошка одговорност и „зелено“ оданочување – ова се конкретните цели опфатени со Акцискиот план за годинава.

Активностите кои треба да се реализираат во рамки на овие цели се анализа на даночната основа и евентуални измени на даноците на личен доход, на добивка и на имот, како и анализа на даночните олеснувања. Понатаму, предвидени се активности за спречување на даночна евазија, подобрување на фискализацијата, кешлес околина, модернизација на услугите, развој на човечки ресурси и изготвување предлози за воведување стимуланси за еколошка одговорност, како и други активности во рамки на целите.

Петте приоритети кои треба да се постигнат со спроведување на овие цели и активностите се: 1) поголема праведност во оданочувањето, 2) подобра ефикасност и ефективност на даночните приходи во насока на наплата на приходи, 3) поголема даночна транспарентност, 4) поголем квалитет на услугите и 5) воведување на зелено „еколошко“ оданочување.

Министерството за финансии и Владата се залагаат за градење на подобар даночен систем кој ќе биде ефикасен, транспарентен, современ, едноставен и праведен, и како таков ќе биде основа за забрзан економски раст и развој. Ова ќе се спроведе преку еден транспарентен и инклузивен процес на консултации и јавни расправи со засегнатите страни, кој започна минатата недела со средбата на министерот за финансии со претставници на стопанските комори, а ќе продолжи и во иднина.

Клучни зборови

  • бесими
  • даночна реформа
  • експерти
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk