Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Кој е дел од тимот на министерката за финансии, Нина Ангеловска

16 сеп. 2019 г.·3 мин читање·216 прегледи

Следете не на Viber

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил го објави својот тим со којшто интензивно ќе соработува.

„Секогаш, секаде и сé зависи од луѓето, од нивната волја, од нивниот потецијал, верба, напорна работа, интегритет, дух, енергија. Еден од предизвиците со кои се соочуваме во професионалната активност е да ги одбереме луѓето со кои ќе работиме, соработниците околу нас кои ќе ни бидат поддршка и ќе дадат совет, луѓето на кои можеме да се потпреме и со кои ќе сакаме да се бориме, да решаваме проблеми и да менуваме.

Верувам дека формирав професионален и енергичен тим, тим кој нема да прифаќа „не, тоа не може“ без пред тоа да ги проба сите начини и креативни солуции. Тим кој е подготвен да ги стави сите свои капацитети во служба на државата, да се заложи максимално за да предизвика промени и да придонесе кон градењето на силна економија, прогрес кој ќе стои на цврсти нозе, кон подобрување на ефикасноста на нашето општество, кон елиминирање на административните стеги, кон продуктивно трошење на секој денар на граѓаните, кон креирање поволна клима за бизнисите, кон квалитетни услуги и пристап за сите граѓани, кон поквалитетен живот за сите нас. Тим кој има широки интердисциплнарни познавања и меѓународно искуство и кој ќе биде посветен на постојано унапредување на фискалната транспарентност и фискалната дисциплина.

Тимот е доминантно женски, но балансот во советниците е воспоставен со надворешните експерти со кои ќе се советувам во полето на даночната политика и макроекономијата.

Шефица на кабинетот е Кристина Попова која доаѓа од една од најголемите светски ревизорски куќи, но со претходно работно искуство во Министерството за финансии.

Ивана Станковиќ е посебен советник за јавен долг и финансиски систем. Нејзината долгогодишна работа во менаџмент консалтинг во приватен и јавен сектор со посебен фокус на корпоративни финансии, како и работа во финансискиот сектор во областа на алтернативни инвестиции ќе биде од големо значење.

Олимпија Христова Заевска е посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ. Сигурна сум дека Олимпија значајно ќе придонесе на патот кон економски развој и паметно финансирање на развојни проекти.

Проф. д-р Маријан Петрески (со теоретско и практично искуство во макро и развојната економија, а особено во делот на критичката анализа и креирањето на политики) и г. Павле Гацов (еден од најпознатите домашни експерти за даноци, предавач на голем број обуки за даночната регулатива) се надворешни консултанти со кои ќе соработувам во областа на макроекономијата и даночните политики.

Анја Марија Макеска, е координатор на социјални медиуми и односи со јавност, и ќе се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за нашата работа.

Министерството за финансии е екипирано со квалитетни кадри со кои верувам дека сите од кабинетот ќе имаме одлична соработка и заедно ќе воведеме нова динамика на работење која ќе покаже брзи резултати“ – напиша министерката Ангеловска.

Клучни зборови

  • експерти
  • министер за финансии
  • Нина Ангеловска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk