
Анализи
ОД ВИНО ДО ЧЕЛИЧНИ ЦЕВКИ: Кавадарци расте како сериозен индустриски град
Кавадарци, градот во срцето на Тиквеш, одамна не е само синоним за лозја и вино. Денес, тука коегзистираат силна преработувачка индустрија, металургија, автомобилска компонента, енергетика, логистика, месна индустрија, винарници ‒ комбинација што создава динамичен локален екосистем. Со натпросечен индустриски пулс и широк спектар дејности, градот е дом и на големи извозници и на работодавачи со
