Македонското вино не е само пијалак ‒ тоа е приказна што се прелива низ чашите, со вкус на историја, земја и сонце. Земјава со право ја носи етикетата колевка на виното, со традиција долга илјадници години и региони што буквално се родени за лозарство. Но, зад оваа романтична слика стои и силна економска индустрија. Винарниците се едни од најголемите домашни извозници, најголемите преработувачи на земјоделски производи и важен дел од македонската економија.
Оваа анализа на порталот Пари е посветена на бизнис-лидерите во производството на вино од грозје и покажува кој го пие профитот, кој инвестира во раст, и кој успева да преживее во сенка на гигантот.
Според податоците од Бизнис Мрежа, топ 10-те винарници во Македонија во 2024 година оствариле вкупен приход од 93 милиони евра, добивка од 7,1 милион евра и вработуваат 614 лица. На чело на оваа индустрија стои еден доминантен и…