Кавадарци, градот во срцето на Тиквеш, одамна не е само синоним за лозја и вино. Денес, тука коегзистираат силна преработувачка индустрија, металургија, автомобилска компонента, енергетика, логистика, месна индустрија, винарници ‒ комбинација што создава динамичен локален екосистем. Со натпросечен индустриски пулс и широк спектар дејности, градот е дом и на големи извозници и на работодавачи со стотици вработени, што ја прави економски столб во југоисточниот дел од земјата.
Анализата на порталот Пари покажува дека вкупниот приход на десетте фирми со најголем промет во Кавадарци изнесува 565,3 милиони евра. Вкупната добивка на десетте најпрофитни фирми во градот изнесува 40,6 милиони евра. Кавадарци се издвојува и по бројот на вработени. Кај десетте најголеми работодавачи лани имало дури 8.639 вработени, а вкупната просечна плата на ов…