
Приливите и трошењата во 2024 според планот, 2025 со ликвиден и стабилен старт – порачуваат од Министерството за финансии
За десеттина проценти се зголемиле буџетските приливи и трошоци во 2024, во споредба со годината пред тоа. Буџетскиот дефицит е за 2,5 милијарди денари или за 40,6 милиони евра понизок од проекциите. Зафаќа 4,4 отсто од БДП. Приходите и расходите се реализирани на ниво од над 96 проценти. Сѐ е според планот, велат од Министерството






