Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БУЏЕТОТ УСВОЕН, в година ќе се трошат 6,5 милијарди евра

10 дек. 2024 г.·2 мин читање·4828 прегледи

Следете не на Viber

Вкупни приходи од 358,8 милијарди, расходи од 400,2 милијарди денари и буџетски дефицит во апсолутен износ од 41,3 милијарди денари, што претставува четири проценти од планираниот БДП – пратениците му дадоа виза на Буџетот 2025. Развоен со социјална компоненета за власта, нереален, нималку развоен, недомаќински, предизборен… за опозицијата.

„Идната 2025 ќе биде година на инвестиции кои ќе дадат додадена вредност и ќе го откочат тркалото, ќе не искачат на едно скалило погоре во остварување на повисоки стапки на економски раст. Инвестиции кои создаваат реални услови за градење на една подобра иднина, а кои ќе имаат и значајно позитивно влијание врз економската активност во наредната година“, рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која нагласи дека ќе има промени во политиките во насока на фискална консолидација, обезбедување фискална одржливост и поддршка на економскиот раст.

Карактеристика на овој буџет, според Министерството за финансии, е понискиот тренд на раст кај расходите во однос на трендот на раст на приходите. Односно проeктираниот раст на приходите е 13%, а кај расходите за 10% во однос на 2024 година, што пак придонесува кон консолидација и намалување на буџетскиот дефицит за околу 3,3 милијарди денари.

„За реализација на развојната компоненета со Буџетот се планирани 47,2 милијарди денари или со околу 4,6% учество во БДП на годишно ниво, што ќе овозможи создавање предуслови за нов циклус на економски раст.

Со Буџетот се обезбедуваат средства за редовна исплата на плати, пензии кои истовремено ќе бидат зголемени за 2.500 денари од март 2025 година, за исплата на социјална права, како и за редовно сервисирање на обврските.

Растот на економијата со Буџетот е проектиран на 3,7%, додека инфлацијата на 2,2%“, наведуваат од Министерството за финансии.

Инаку, во текот на амандманската расправа не беше прифатен ниту еден амандман поднесен од опозицијата, од каде што беа упатени критики дека од начинот на кој е скроена државната каса за идната година се гледа дека власта не се грижи за граѓаните, туку за елитата. Според пратениците опозиционери, овој досега најголем буџет од 6,5 милијарди евра е буџет на нови долгови и нова изгубена година за граѓаните и економијата.

Клучни зборови

  • буџет 2025
  • Министерство за финансии
  • Собрание
  • усвоен буџет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk