Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

МФ: Усвоен Буџетот за 2025 година – инвестициите во фокусот за забрзување на растот

10 дек. 2024 г.·2 мин читање·2923 прегледи

Следете не на Viber

Собранието попладнево го усвои Буџетот за 2025 година кој е развоен, со вклучена социјална компоненета. Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, додека расходите се планирани на ниво од 400,2 милијарди денари, при што буџетскиот дефицит е проектиран на апсолутен износ од 41,3 милијарди денари или 4% од планираниот БДП.

Буџетот за 2025 година, како што рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го предлогот во Собранието, ги најавува промените во политиките коишто се во насока на остварување на планот за фискална консолидација, обезбедување фискална одржливост и поддршка на економскиот раст.

„2025 година ќе биде година на инвестиции, инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност и инвестиции коишто ќе го откочат тркалото и ќе не искачат на едно скалило погоре во остварување на повисоки стапки на економски раст. Инвестиции коишто создаваат реални услови за градење на една подобра иднина, а коишто ќе имаат и значајно позитивно влијание врз економската активност во наредната година”, рече министерката.

Карактеристика на овој буџет е понискиот тренд на раст кај расходите во однос на трендот на раст на приходите. Односно проeктираниот раст на приходите е 13%, а кај расходите за 10% во однос на 2024 година, што пак придонесува кон консолидација и намалување на буџетскиот дефицит за околу 3,3 милијарди денари.

За реализација на развојната компоненета со Буџетот се планирани 47,2 милијарди денари или со околу 4,6% учество во БДП на годишно ниво, што ќе овозможи создавање предуслови за нов циклус на економски раст.

Со Буџетот се обезбедуваат средства за редовна исплата на плати, пензии кои истовремено ќе бидат зголемени за 2.500 денари од март 2025 година, за исплата на социјална права, како и за редовно сервисирање на обврските.

Растот на економијата со Буџетот е проектиран на 3,7%, додека инфлацијата на 2,2%.

Клучни зборови

  • буџет 2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk