
Анализи
МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОДВИЗИ НА СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН ПРИКАЖАНИ НИЗ ПРИЗМА НА БИЗНИС – 2 ДЕЛ -Dulcius ex asperis-
Алекс Фергусон потекнува од Гован, индустриска зона во Глазгов со развиено бродоградилиште. Неговиот животен пат го однел во најразлични ситуации и предизвици, но неговите корени го направиле да биде истраен во своите чекори и да заборава на маките, фокусирајќи се на успесите. Мотото на кланот Фергусон е “Dulcius ex asperis”, односно “по маките е послатко”.
