Тоа што Сер Алекс Фергусон го остави како трага во светот на фудбалот е од непроценливо значење за напредокот на самата игра, креирањето на различни стратегии и севкупно, начинот на менаџирање со еден модерен фудбалски клуб. Но, ништо понебитни се и неговите придонеси кон бизнис сегментот, особено кога денешните фудбалски клубови се водени, пред се, од аспект на креирање дополнителна вредност за сопствениците, прикажана преку добивка на компанијата и креирање на моќен глобален бренд. Неговиот кариерен напредок, успесите кои ги постигна и начинот на кој ќе остане запаметен во фудбалската историја се инспирација за многумина, а тој преку неговата автобиографија остави пишано наследство за идните генерации. Токму преку анализа на неговата книга ќе се обидеме да ги пренесеме неговите ставови, анализи и коментари, прикажани во една бизнис конотација. Неговиот начин на менаџирање не е “trademark” само во фудбалскиот свет, напротив, неговите н…