Алекс Фергусон потекнува од Гован, индустриска зона во Глазгов со развиено бродоградилиште. Неговиот животен пат го однел во најразлични ситуации и предизвици, но неговите корени го направиле да биде истраен во своите чекори и да заборава на маките, фокусирајќи се на успесите. Мотото на кланот Фергусон е “Dulcius ex asperis”, односно “по маките е послатко”. За Фергусон сиромашното потекло никогаш не било пречка за успех, напротив скромните почетоци на кариерата може да бидат само дополнителна предност. Често Фергусон знаеше да изјави дека во времето кога беше тренер во Источен Стирлинг фудбалерите земаа плата од 6 фунти неделно, а стигна да го продаде Кристијано Роналдо за 80 милиони фунти. Во неговата биографија Фергусон пишува дека тоа што го знаел на залезот од својата кариера го научил на почетокот на кариерата.
Од друга страна, во своите методи на менаџирање голем акцент се ставаше и врз псисхологи…