Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Светот има лебдечки возови, македонските надвор од колосек  

9 апр. 2024 г.·4 мин читање·2136 прегледи

Следете не на Viber

На денешен ден во 1873 била пуштена македонската делница на трансбалканската линија Виена – Солун, а 151 година подоцна Железници на Република Северна Македонија се заглавени на ќор колосек. Претпријатието поделено во два сегмента – Транспорт и Инфраструктура, има сериозни проблеми – нема локомотиви, возови, се укинуваат линии, падови има и во патничкиот и во товарниот сообраќај, а товарот од задолженоста е поголем од сто милиони евра. Сето тоа во време кога во светот не само што сообраќаат супер брзи возови, туку и се конструираат нови кои „лебдат“ над шините, базирани на магнетна левитација.

Пари со години недостасуваат, па помошта постојано доаѓа од државната каса, со цел некако да опстои железничкиот сообраќај. Само минатата година двете компании биле поткрепени со над 30 милиони евра, од кои повеќе од пет милиони се дадени на Инфраструктура, а поголемиот дел на Транспорт, во два наврати, прво речиси 10,4 милиони евра, а потоа уште 15,7 милиони со емисија на акции, издадена за познат купувач, односно за Владата.

Уште од 2021 година нема железнички сообраќај кон Кочани и Кичево. Возовите одат до Велес, Гевгелија и Битола. Патувањето може да се одолжи поради честите дефекти. Одвреме навреме има и прекини, поттикнати од незадоволството на машиновозачите кои реагираат на задоцнетата исплата на платите. Таков каков што е, сообраќајот е локален. Меѓународна поврзаност – нема.

А на веб-страницата од МЖ-Транспорт пишува: „со вкупно 699 км пруга, Македонските железници Транспорт АД – Скопје поседува 1.525 товарни вагони, 75 патнички вагони, 40 дизел и 16 електро локомотиви“, а во „возниот парк има 11 дизел моторни возови и 4 електромоторни возови“.

Во МЖ-Транспорт платата ја заработуваат 941 лице: седуммина се во менаџерскиот тим, 191 во дирекцијата, 450 во влеча на возови, 175 во товарниот и 118 во патничкиот собраќај.

Од извештајот, пак, на МЖ–Инфраструктура за последниот кавртал од минатата година е наведено дека е остварена загуба од 96,99 милиони денари или над 1,6 милиони евра. Помалку во однос на минусот од 2022 – од над 2,3 милиони евра.

Исто така, тука е забележан податокот дека лани биле реализирани 119,58 илјади возни километри во патничкиот сообраќај. За споредба, во 2022 биле извозени 219,04 илјади километри.

Намалување од 126,29 илјади километри (2022) на 36,49 илјади километри има и во товарниот сообраќај.

Тоа е и причината за скоро преполовените вкупни приходи во однос на 2022. Станува збор за износ од 334,48 милиони денари, кои се намалени за 47,62 отсто. Приливите од продажбата се пониски за 47,19% и изнесуваат 58,76 милиони денари. Од МЖ–Инфраструктура посочуваат дека тое е резултат на намалените приходи од надоместот за користење на железничката инфраструктура, кои се помали за 51,64% и изнесуваат 45,09 милиони денари. Таквиот исход, пак, се должи на „драстично намалениот обем во товарниот и во патничкиот сообраќај“.

Во овој сегмент од Македонски железници во 2023 работно биле ангажирани 795 лица, а една година претходно нивниот број бил 837. Без оглед на редукцијата, лани трошоците за вработените се зголемиле за 3,35 проценти и изнесувале 135,08 милиони денари или близу 2,2 милиони евра.

И покрај актуелните и долготрајни состојби, се реализира инвестиција за изградба на пругата кон Бугарија, при што за првите две фази се потребни околу 200 милиони евра. Работите треба да завршат до 2030, а поврзувањето на овој потег е тема од осамостојувањето па наваму, или веќе 33 години.

Исто така, минатата година беше потпишан меморандум со Србија, за изградба на брза железница од Ниш до Скопје. Но, и тоа се чини како невозможна мисија. За преструктуирање на Македонски железници многу се зборува, а во тој контекст се укажува на потребата од либерализација на железничкиот сообраќај во државата.

На тоа денес потсети и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според  него, либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите и за проширување на железничката мрежа. Со тоа ќе се  золемат ефикасноста и ефективноста на овој вид сообраќај. „Заедно ќе ја трансформираме Железницата и ќе ја направиме европска и модерна. Со либерализацијата отворивме ново поглавје во железницата и создадовме нови можности“, нагласи тој на денешната свеченост, воедно порачувајќи им на вработените дека не треба да се грижат за работните места.

 

Клучни зборови

  • возови
  • македонски железници
  • МЖ 151 година
  • МЖ-Инфраструктура
  • МЖ-транспорт
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk