Шест македонски банки се во друштвото на стоте најголеми во Југоисточна Европа според активата за 2023 година. Најдобро рангирана е Комерцијална банка, а првпат на листата е Прокредит банка. На првата позиција повторно е романската Банка Трансилванија, чии вкупни средства за една година се зголемиле 20,8 процени и надминуваат 32,5 милијарди евра. Во рангирањето што го прави SeeNews, најмногу банки – 17 се токму од Романија.
Во првата половина од SEE TOP 100 banks листата се две наши банки. Најголемата и најстарата. И двете го имаат подобрено пласманот за едно место. Комерцијална банка од 46-то во 2022 на 45-то во 2023, а Стопанска банка Скопје од 51 на 50.
Активата на Комерцијална банка, која на домашен терен е и најпрофитабилна, изнесува 2,66 милијарди евра и бележи годишен раст од 8,37 проценти. Вкупните средства на скопската Стопанска банка за минатата година се 2,13 милијарди евра.
Зголемување од 2,97 проценти има кај активата на НЛБ банка, а вредноста е 1,9 милијарди евра. Тоа ја рангира на 54-та позиција, на која била и во 2022 година.
За пет места напредувале Халк банка и Шпаркасе банка. Првата од 67-то на 62-то, а другата од 69-то на 64-то. Халк располага со средства во вкупен обем од 1,59 милијарди евра, при годишен раст од 16,9 проценти. Кај Шпаркасе банка зголемувањето е за 13,28 насто и на крајот од 2023 година имала актива од 1,53 милијарди евра.
Меѓу најголемите банки од ЈИЕ…