Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Професионални менаџерски тимови за управување составени од повеќе компании

27 мај 2020 г.·4 мин читање·1157 прегледи

Следете не на Viber

Активноста која е возможна за реализација и на краток рок е креирањето на интра-менаџерски тимови за управување од повеќе компании, односно креирање на неформални управни одбори кои наместо една би управувале повеќе компании од повеќе различни сегменти. Иницијално идејата за креирање на управувачки тим, кој ќе работи надвор од рамките на малата/средната компанија во култури како балканските е многу напредна, но кризата директно го потенцираше недостатокот од соодветно професионално управување во компаниите. Бидејќи малите и средните компании најчесто немаат финансиски средства да платат голем број на консултанти или пак борд на директори во целост, наједноставно решение (кое што може да биде и поефективно од интерен борд на директори доколку е соодветно организиран) е да се креира неформален менаџерски тим кој би имал обостран бенефит (секој член со неговата компанија) во професионалното управување на бизнисот.

Всушност менаџерскиот тим треба да биде составен од компании (претставници) кои ќе имаат обостран интерес. Секој бизнис кој е дел од таквиот тим, освен што ќе помогне во водењето на другите бизниси, треба го презентира и својот и да има бенефит и за сопствената компанија во поглед на подобрување и професионализација на сопственото управување.

За компаниите кои не ја прифаќаат алтернативата да креираат менаџерски тимови заедно со други компании, можат интерно да креираат тим од надворешни експерти во различни области кои повторно би ги користеле во вид на менаџерски тим за подигање на професионалноста и начинот на работење. Друга алтернатива е трета компанија да го состави менаџерскиот тим и ќе ги координира сите други во неговото користење, со изработка на генерални годишни планови и средби за сите останати компании како и следење на перформансите на секоја компанија поединечно со задавање на краткорочни и среднорочни цели за унапредување на работењето.

Генерално, без разлика дали компанијата би се одлучила за креирање на менаџерски тим со други компании, развила интерно, или трета компанија би го организирала целиот процес, во продолжение се зададени чекори за успешно развивање и имплементација на даденото решение:

Дефинирање на делокруг на активности и цели на тимот. Од голема важност е за која цел ќе биде тимот претставен во компанијата и во кој опсег ќе работи. Најсоодветно е да тимот биде вклучен во стратегиското планирање на компанијата, односно воспоставување како на долгорочните така и на краткорочните планови, за да може да го следни нивното имплементирање, реализација и корективни мерки доколку е потребно да се извршат.

Дефинирање на профилот на соработници кои би членувале. Вториот чекор е дефинирање на профилот кој би го имале членовите на менаџерскиот тим кои соодветно би одговориле на исполнувањето на основниот делокруг на активности и цели. Потребно е да се изберат професионалци во областите кои што пред се управуваат формално и професионално со бизнисот за да се овозможи преземање и имплементација на нивниот “know-how” во сите компании.

Дефинирање на обврски и правила за работа на тимот. Трета активност е утврдување на обврските кои би ги имал секој член на тимот и кои би биле правилата на работа. Всушност во овој чекор треба да се определи до кој степен е дозволено инволвирање на менаџерскиот тим во секојдневното работење на компаниите и кои ќе бидат нивните надлежности. Исто така е потребно да се дефинираат и правилата кои што би важеле за менаџерските тимови и што доколку некој од членовите не ги почитува.

Дефинирање на план на работење, кој што ќе опфаќа конкретни активности, со временски рокови за исполнување и резултати кои што се очекуваат од секоја поединечна активност. Исто така ќе опфаќа број на средби кои што би се организирале, теми на состаноци, акциски планови и слично.

Контролни механизми. Како и во секој систем потребно е дефинирање на контролни механизми за потврда дека менаџерскиот тим ги исполнува очекувањата за тоа што е создаден.

Претходното надополнето со дополнителни неформални средби на кои би се презентирале идни бизнис активности, стратегии планови како и организација на заеднички обуки помеѓу компаниите од надворешни и внатрешни професионалци може ја унапреди соработката и да резултира со формално здружување помеѓу компаниите кое што е следната обработена можност како начин на здружувањ

Клучни зборови

  • бизнис
  • компании
  • лидери
  • менаџери
  • менаџмент
  • одбор
  • претставници
  • тим
  • управување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk