
ДРЖАВАТА ГИ СПАСУВА, ТИЕ СИ ДЕЛАТ БОНУСИ: Менаџерите на Луфтханза критикувани за дебелите божиќни пликоа
Луфтханза е во центарот на жестоки контроверзии поради зеленото светло за исплата на бонуси од неколку милиони евра доделени на нејзините менаџери за 2021 година. Пред само две години, тогашниот германски министер за финансии, а сега канцелар Олаф Шолц додели јавна помош за авиокомпанијата во износ од девет милијарди евра и купи 20% од акциите







