Продажбата на Комерцијална банка ќе заврши до крајот на 2020 година

1 мин читање3655 прегледи

Српскиот министер за финансии Синиша Мали изјави денес дека продажбата на Комерцијална банка и нејзиното преземање од словенечката НЛБ.
„Ние сме на самиот крај на процесот“, рече Мали во интервју за Блумберг.
Мали очекува дека Европската централна банка ќе одобри продажба на Комерцијална банка до крајот на месецот, што е неопходен услов за добивање на согласност од Народната банка на Србија.
Мали вели дека продажбата на Комерцијална банка ќе заврши до крајот на годината и потсетува дека наоѓањето стратешки партнер за Комерцијална банка е дел од сегашниот аранжман со ММФ.