Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

На 24 ноември ќе се блокираат сметките на компаниите за неплатениот „солидарец“

31 окт. 2023 г.·2 мин читање·7433 прегледи

Следете не на Viber

Од 150 даночни обврзници, 98 ја платиле еднократната давачка што произлезе како обврска од Законот за солидарен данок. Или две третини од компаниите, па приливот по оваа основа е 36 милиони евра, односно половина од износот што го планираше Владата. Неплаќачите се соочуваат со можноста од блокада на сметките, што ќе се изврши на 24 ноември, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Во текот на наредните денови сите тие кои не ја намириле обврската прво ќе добијат опомена. „Бидејќи рокот беше до 25 октомври, за сите кои немаат направено плаќање на данокот на солидарност ќе се преземат мерки согласно Законот за даночна постапка. На шести ноември ќе ги доставиме опомените. Доколку и по тоа не направат уплата, на 24 ноември ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки“, нагласи Лукаревска, појаснувајќи дека според Законот за даночна постапка не можат да ги објават имињата на компаниите – должници, но потврди дека меѓу нив има и јавни претпријатија.

Солидарниот данок, кој е неприфатлив за бизнис заедницата, во моментов е во Уставниот суд, бидејќи Стопанската комора поведе иницијатива за негово оспорување. Како што вели Лукаревска, ќе ја почекаат судската одлука, по што ќе утврдат како понатаму ќе постапуваат.

Клучни зборови

  • блокада на сметки
  • солидарен данок
  • ујп
  • Управа за јавни приход
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk