
Бизнис
ДДВ уплатите покуси за 758,6 милиони денари – УЈП спрема казни за неплаќачите
Долг од 758,6 милиони денари или 12,3 милиони евра имаат 1.198 даночни обврзници кои навреме не ја намириле обврската по основ на ДДВ за октомври. Од Управата за јавни приходи ги повикуваат должниците да го платат данокот во најкус рок. Во спротивно, од вторник УЈП почнува со спроведување мерки за дисциплинирање на неплаќачите. Износот што