Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Мицкоски: „Амфенол“ донесе висока технологија и нови работни места

20 авг. 2025 г.·3 мин читање·3111 прегледи

Следете не на Viber

Започна со работа новата хала на компанија „Амфенол“ во Кочани. Инвестицијата на компанијата е трудо-интензивна, со близу 3.200 вработени. Во план се 500 вработувања, кои ќе се реализираат во две фази. Ќе се заокружи една бројка од 3.700 вработени, изјави премиерот Христијан Мицкоски од Кочани, каде што е лоцирана фабриката „Амфенол“.

„За време на посетата можевме да го видиме сето она што тука се работи. Станува збор за исклучително висока технологија, со голема додадена вредност на производот, тоа што нам ни е важно, бидејќи додадената вредност практично влијае врз бруто домашниот производ“, дополни Мицкоски.

Предвидени се две хали. Со изградба на втората хала ќе се стартува идната година.

„Ќе имаме исклучително висока технологија, којашто одговара на најсовремените технолошки процеси. Навистина сум задоволен што можам да кажам дека како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни, странски инвестиции, не само преземајќи го институционалниот ризик, туку и финансиски. Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијата ‘Амфенол’ тука во Кочани. Kако што кажа и директорот, во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на ‘Амфенол’. Така што за нас компанијата претставува стратешки партнер“, наведе Мицкоски.

Како што рече, годинава приходите ќе изнесуваат приближно 200 милиони евра.

„Тоа е огромна бројка. Придонесува не само за локалната економија, туку и генерално за државната економија. Како Влада со оваа посета и со овој увид сакаме да испратиме порака дека сме партнери со бизнис заедницата, со инвеститорите, без разлика дали се тоа домашни и странски“.

Притоа, Мицкоски укажа дека во рамките на Советот на странски инвеститори отворено се разговара за проблемите, кои во добар дел се решаваат.

„Како Влада продолжуваме да креираме добра бизнис клима, стабилност, за да имаме квалитетни работни места, што повеќе работни места. И, оние кои ја напуштија Македонија да ги вратиме дома. Владата сака да биде пријател на бизнисот и така и ќе продолжи да се однесува“.

Клучни зборови

  • Амфенол Технолоџи
  • инвестиција
  • КОЧАНИ
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk