
Целосно обновениот оперативен блок ќе ги намали листите на чекање во „8 Септември“
Со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ-програмата, Градската општа болница „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок, кој опфаќа седум специјализирани операциони сали, интензивна нега, патологија, клинички лаборатории, административни простории и целосно обновена покривна конструкција. Реновираниот дел ќе почне да функционира по завршување на дезинфекцијата, обуката на персоналот и добивањето употребна дозвола од надлежните










