Комерцијална банка, Стопанска банка – Скопје и НЛБ банка се трите најголеми банки во Македонија и тие, и во овие турбулентни времиња, ги зголемија своите добивки, покажуваат полугодишните неревидирани финасиските извештаи на Македонската берза.
Вкупната добивка пред оданочување што ја направиле овие банки за 6 месеци, односно од јануари до јули, е 70,1 милион евра. Во 2021 година пак, нивната вкупна добивка пред оданочување била 51,7 милиони евра. Овие податоци покажуваат дека годинешниов успех на најголемите банките е многу поголем од ланскиот, така што тие во првото полугодие направиле за 18,4 милиони евра поголема добивка од ланската.
Податоците покажуваат и дека големината на активата не ја диктира големината на добивката. Имено, може ба…