Анализа на интересот на новоотворените компании за избор на матична банка
Халк банка веќе станува препознатлива како најатрактивна банка за новоотворените компании. Како и во 2022, така и во првиот квартал од оваа година најмногу новоотворени фирми ја избрале за своја матична банка. Веднаш зад неа е НЛБ банка (позиција со која ја заврши и 2022 година).
Порталот „Пари“ редовно ги следи трендовите во банкарскиот систем, а моќта за привлекување на новите компании открива каде фирмите препознаваат најдобар партнер за финансиските релации.
Според податоците од Платформата Бизнис Мрежа.мк, за три месеци Халк банка привлекла 446, а со 344 новоотворени компании зад неа е НЛБ банка. И останатите три банки се на истите позиции како и на листата ТОП 5 банки за новоoформени фирми во 2022 година. Така, во првите три месеци од годинава, Комерцијална ја избрале за своја матична банка 319 фирми, Стопанска банка Скопје 197, а Шпаракасе банка 110 фирми. Но, до моментот на обработка на податоците, за 144 фирми нема ажурирано матична банка. Инаку, како што веќе пишуваше „Пари“, во првиот квартал од годинава имало 1.832 новоотворени…