Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Кариера

Царовска: Преку јакнење на економско-социјалниот дијалог на локално ниво до ефикасни мерки за вработување

10 сеп. 2019 г.·2 мин читање·159 прегледи

Следете не на Viber

Извор: МИА

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска присуствуваше на отворањето на дводневната работилница „Кон систем за предвидување на потребни вештини во Северна Македонија“. Целта на работилницата е зајакнување на социјалниот дијалог преку кој се создаваат повеќе и подобри работни места. Работилницата којашто се одржува во Скопје ја спроведува Меѓународната организација на трудот во соработка со Европската Комисија и Европската фондација за обуки.

„Социјалниот дијалог во усогласувањето на понудата и побарувачката на пазарот на труд е многу важен, бидејќи само преку овој дијалог може да се детектираат потребите од некое занимање и да се создаваат повеќе и подобри работни места. Усогласувањето сега го правиме преку дуалното образование, но и преку Оперативниот план со мерки за вработување. Според мене е многу значајно што истовремено годинава ќе работиме на јакнење на економско социјалните совети на локлано ниво, бидејќи сметам дека најдобри мерки за обезбедување работна сила, но и за вработување на невработените се креираат кога дијалогот ќе се спушти на одредена општина или регион“, рече Царовска.

Општата цел на оваа активност е развој на механизам за подобрување на меѓу-институционалната координација која е неопходна за воспоставување ефективен и сеопфатен систем за предвидување на потребните вештини во Северна Македонија. На работилницата учествуваат и Алесандра Молц, специјалистка на МОТ за вештини и Кристина Мереута, специјалистка на ЕТФ за пазарот на трудот.

Клучни зборови

  • вештини
  • вработување
  • Мила Царовска
  • Министерство за труд и социјална политика
  • пазар на труд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk