Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БЕЗ РЕАЛИЗАЦИЈА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ НЕМА ДА ДОБИЈАТ ПАРИ, може ли да запре изградбата на автопатите?

28 окт. 2024 г.·2 мин читање·5460 прегледи

Следете не на Viber

Аванси без никаква реализација од страна на „Бехтел и Енка“ нема да бидат исплаќани, туку ќе се плаќа врз основа на реализација. Со Ребалансот на Буџетот за годинава, парите наменети за делиниците што ги гради „Бехтел и Енка“, се драстично намалени, од 249 милиони евра на 66 милиони.

-Илузорно е да се планираат 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не може да се заврши експропријација, има еден куп проблеми, и кога не се знае трасата, односно кога се знае дека предвиденото нема да се реализира и тие пари на крајот на годината да завршт во некои коруптивни зделки – вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, додавајќи дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да се плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.

Но се наметнува прашањето дали во иднина постои ризик да не се продолжат активностите на терен од страна на „Бехтел и Енка“ поради неисплаќање на договорената сума.

Од страна на актуелната влада повеќе пати беше посочувано дека иако претходната Влада имала префрлено милиони евра на „Бехтел и Енка“, немало никаков напредок на работите на терен. „Бехтел и Енка“ на сметката добиле за цела 2023 година вкупно околу 240 милиони евра.

„Бехтел и Енка“ денеска ќе ги презентира градежните активности на Коридорот 8 на делницата Гостивар – Букојчани, една од четирите кои што треба да ги заврши во наредните неколку години, но како што покажува извештајот за сработеното до август, за 2024 година компанијата немале добиено ниту денар буџетски средства.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе извршат надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.

Според официјалните податоци, автопатските делници од коридорите 8 и 10Д се со планирана должина од 109 километри. Треба да се изградат 24 подвозници и 34 надвозници. „Бехтел и Енка“ треба да изградат и мостови во вкупна должина од 4.500 метри (4,5 километри). При градежните активности треба да се ископаат и извадат 21 милион километри кубни земјиште, камења и карпи.

Клучни зборови

  • автопат
  • Бехтел и Енка
  • Коридор 10Д
  • Коридор 8
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk