Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Зошто извоз? Зошто сега и веднаш?

13 јун. 2023 г.·4 мин читање·558 прегледи

Следете не на Viber

Во изминатиот три децении македонската економија помина низ неколку фази од својот развој, при што, она што е повеќе од јасно е фактот дека постоечкиот економски модел нема капацитет да испорача повисоки стапки на економски раст. Постојат повеќе причини за тоа, но клучниот ограничувачки фактор е ниската конкурентноста на македонската економија и слабостите со кои се соочува извозниот сектор кој, практично за мала отворена економија како што е нашата, треба да биде главниот двигател и мотор на економскиот раст.

Клучни слабости со кои се соочува македонскиот извозен сектор се: 1) висока извозна концетранција од аспект на мал број на извозни компании, извозни производи и извозни пазари, и многу поважно, 2) ниска домашна додадена вредност на извозот што се должи на неповолната извозна структура на домашниот извозен сектор и високата увозна компонента на извозот на странските компании во и надвор од ТИР зони.

Имено, од вкупниот број на активни деловни субјекти во земјата само 5% или 3.500 се извозно ориентирани од кои само 450 компании извезуваат со вредност поголема од 1 милион долари, а само 1.300 компании извезуваат со вредност поголема од 100.000 долари. Од друга страна, првите топ 25 најголеми извозници учествуваат со 66% во вкупниот извоз на земјата, додека првите топ 150 најголеми извозници учествуваат со 86% од вкупниот извоз. Македонија извезува само 370 производи со вредност поголема од 1 милион долари, додека земјата има компаративна предност во извоз на само 440 производи доминантно од секторите текстил и облека (35%), примарно земјодели (19%) и метална индустрија (11%), производи кои се карактеризираат со релативно мала додадена вредност. Силна извозна концентрација има и од аспект на извозни пазари. За илустрација, Македонија извезува со вредност поголема од 1 милион долари во само 59 земји, додека првите топ 25 најголеми земји имаа 95% од вкупниот извоз. Во рамки на извозот кон ЕУ како наш најголем партнер, првите 5 најголеми ЕУ извозни пазари (Германија, Бугарија, Италија, Унгарија и Грција) учествуваат со 78% од вкупниот извоз на земјата кон ЕУ, а сите останати 22 ЕУ земји имаат учество од само 22%.

Овие слабости на извозниот сектор се главните ограничувања кои го забавуваат растот на македонската економија и затоа конечно треба како држава целата енергија да ја насочиме кон надминување на овие слабости на извозот, и тоа треба да го направиме сега и веднаш доколку сакаме позитивни резултати на среден и долг рок. Во спротивно, ќе продолжиме како економија да се вртиме во еден магичен круг од кој никогаш нема да излеземе затоа што македонската економија нема друго излезно решение освен јакнење на извозот и извозната конкурентност на приватниот сектор.

Тргнувајќи од оваа идентификувана неповолна состојба, Стопанската комора во изминатиот период презеде конкретни чекори и активности во таа насока. Практично, после настанот што беше организиран во Комората на 8 јуни каде реномирани домашни и надворешни експерти заедно со претседателот Азески дискутираа на тема “Извозот како единствена алтернатива за идниот развој на земјата”, повеќе нема дилема дека токму извозот треба да биде поставен високо на агендата на државата како врвен национален приоритет, а сите други чинители како што се Националниот совет за извоз, Советот на странски инвеститори и Клубот на извозници во рамки на Стопанската комора заедно со академијата треба да испорачаат реални резултати преку обезбедување на конкретни форми на поддршка за извозно ориентираните компании. Комората преку проектот што го имплементира во соработка со УСАИД веќе почна да испорачува конкретни услуги за компаниите базирани на современа методологија што треба да им помогнат во мапирање на неискористените извозни потенцијали за своите производи на различни пазари, вмрежување и градење на бизнис и пазарни релации, пристап до нови пазари и надминување на техничко-административните бариеири, како и обезбедување на стручна поддршка за пристап до финансии со цел модернизирање на своите производни и технолошки процеси.

Секако на тој пат значајна улога има државата и надлежните институции кои треба да креираат поволни бизнис услови за извозниот сектор и да обезбедат поголема поддршка за извозна промоција со цел поголема видливост и препознатливост на нашите компании и производи на регионалните и глобалните пазари, како и системски пристап и поддршка за технолошка модернизација и градење на конкурентски предности во производство и извоз на нови посифистицирани производи. Секако тука не треба да ја заборавиме улогата на академијата и науката кои треба да обезбедат силна научна и истражувачка поддршка за компаниите во развивање на нови производи, стадардизација на производните и деловните процеси, воведување на нови иновативни решенија, имплементирање на дигитални алатки во техничко-технолошки процеси, но истовремено да обезбедат квалитетни кадри кои ќе бидат способни да ги издигнат нашите компании на ниво да може рамноправно да се натпреваруваат со своите конкурентни на меѓународните пазари.

 

Клучни зборови

  • Извоз
  • македонска економија
  • стопанска комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk