Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Животот станува поскап

10 ное. 2020 г.·2 мин читање·2196 прегледи

Следете не на Viber

Трошоците на животот во октомври 2020 година, во однос на претходниот месец, имаат раст од 0,1 отсто,  цените на мало намалување за 0,5 отсто. Во однос на октомври лани трошоците на живот бележат рат од 2,1 отсто, а цените на мало од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 5,2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,2 отсто, маслото и маснотиите за 3,7 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9 отсто и виното за 0,2 отсто.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за два отсто, накитот, часовниците и рачните часовници за 1,6 отсто, парамедицинските услуги, градините, растенијата и цвеќињата за 1,5 отсто, гасот за домаќинствата, цврстите горива за 1,4 отсто, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоци за 1,1  отсто, игрите, играчките и хобијата, услугите за култура за 0,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4,7 отсто, рибата и морските плодови за 0,7 отсто, прехранбените производи, неспомнати на друго место за 0,5 отсто, месото за 0,4 отсто и пивото за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 8,4 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за три отсто, течните горива за домаќинствата за 0,8 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, моторните возила за 0,6 отсто, книгите за 0,4 отсто, текстилот за домаќинството, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,3 отсто, мебелот и покуќнината, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите услуги за опрема за сопствен превоз, медиумите за снимање, домашните миленици и сродните производи за 0,2  отсто.

Клучни зборови

  • примања
  • приходи
  • расходи
  • трошоци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk