
ТЕТЕКС ЈА НАДМИНА ПЛАНИРАНАТА ДОБИВКА, приходите доминирани од недвижности
Со остварена нето добивка од 66,3 милиони денари, Тетекс АД ја заокружи деловната 2025 година со позитивен финансиски резултат, кој не само што обезбедува континуитет на стабилното работење, туку и ги надминува планираните очекувања на компанијата. Според неревидираните податоци, компанијата остварила вкупни приходи од околу 304,3 милиони денари. Во нив, релативно помал удел имаат приходите










