Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„ЗЕЛЕНОТО ЗЛАТО“ НА УДАР: Студот во Турција ја покачи цената на лешниците на рекордно ниво

11 авг. 2025 г.·3 мин читање·4132 прегледи

Следете не на Viber

Студениот бран што ја погоди Турција оваа пролет остави длабоки траги не само врз овошните насади, туку и врз глобалниот пазар на лешниците, предизвикувајќи нагло зголемување на цените уште пред да започне жетвата. Најголемиот светски производител на овој плод – Турција – годинава се соочува со значителен пад на приносите поради еден од најсилните земјоделски мразови во својата понова историја, кој министерот за земјоделство Ибрахим Јумакли го опиша како невиден со години. Експертите вината ја гледаат во климатските промени, кои ја зголемуваат фреквенцијата на екстремни временски настани.

Според амстердамската платформа за податоци за стоки Vesper BV, една метричка тона турска лешници сега чини околу 9.400 евра (10.900 долари), што претставува раст од приближно 34% од почетокот на годината. Околу 60% од светските лешници потекнува од зелените планински падини долж турскиот брег на Црното Море, каде што лешникот е познат како „зелено злато“ поради неговата економска важност. Големи производители на чоколади, како италијанската Ferrero, токму од овој регион ги набавуваат своите лешници. Хамбуршката трговска куќа Schluter & Maack проценува дека цените се зголемиле за околу 40% по студениот бран, иако вишоците од претходните жетви и стабилните приноси во други земји делумно го амортизирале ударот.

Државниот завод за жито во Турција неодамна го зголеми минималниот откупен ценовник за сезоната 2025–2026 на 195 турски лири (4,80 долари) за килограм. Последен пат сличен мраз погодил голем дел од земјата во 2014 година, но годинашниот зафати десетици провинции, па дури и централната банка предупреди на привремено поскапување на храната. Според проценките на TurkStat објавени во мај, производството на овошје, пијалаци и зачински култури во 2025 година ќе изнесува 21,4 милиони тони – пад од 24,4% во однос на минатата година.

Овој тренд предизвикува загриженост кај производителите на чоколадо и други прехранбени производи што користат лешници, особено во комбинација со претходните рекордни зголемувања на цените на какаото и кафето. Производството на какао беше особено загрозено минатата година, кога сушата ги погоди водечките производители во Западна Африка. Анализа на апликацијата за споредба на цени smhaggle за германскиот бизнис весник Handelsblatt покажа дека цените на четири познати производи во Германија од 2022 година пораснале од 10% до 65%, често надминувајќи ја просечната инфлација.

Компании како германската Ritter Sport, која преработува неколку илјади тони лешници годишно – најмногу од Турција и делумно од САД – веќе го чувствуваат ударот. Портпарол на фирмата изјави дека мразот и високите цени создаваат „масивен двоен товар“ на страната на суровините, со мала веројатност притисокот да се намали во скоро време. Најмногу погоден, сепак, би можел да биде најголемиот купувач на лешници во светот – производителот на Nutella, Ferrero – кој набавува околу една третина од глобалното производство. Италијанската компанија одбива да коментира за цените, но уверува дека прекини во снабдувањето нема, бидејќи лешници купува и од Италија, Чиле и САД, со што ја обезбедува својата производствена стабилност.

Клучни зборови

  • лешници
  • Турција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk