
Бизнис
ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ НУТЕЛА БЕЗ ЛЕШНИЦИ: По слабите приноси во Турција, цената достигна астрономски 18.000 долари по тон
Турскиот пазар на лешници се соочи со голем пад откако Фереро, италијанскиот производител на Нутела, привремено ги прекина набавките поради намалени залихи и зголемување на цените по лошите временски услови и епидемиите на штетници. Според странските медиуми, мразовите и наездата од штетници на почетокот на оваа година драстично ги намалија приносите на лешници во Турција.
