Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

За зголемување на платите Мицкоски ќе разговара со УПОЗ – средбата закажана за четврток

2 фев. 2026 г.·3 мин читање·2758 прегледи

Следете не на Viber

Социјалниот дијалог не е театар. Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток – информираат од Владата. Реакцијата пристигна откако од ССМ објавија дека никој од Владата не дошол во просториите на Синдикатот за да се потпише Спогодба за утврдување на висината на минималната плата.

„Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог.

Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана и ќе се одржи во просториите на Владата во четврток во 16:45 часот“, наведено е во владиното соопштение.

Воедно, додаваат дека закажаната средба е „конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати“. Според нив, социјалниот дијалог се води таму каде што му е местото, во институциите, со јасен план и реална намера за изнаоѓање решенија.

„Сите обиди да се претвори во лажни наративи и самоволни појавувања, се неодговорни и штетни по интересите на работниците, кои наводно се бранат. Владата останува цврсто посветена на конструктивен социјален дијалог, но нема да дозволи да биде злоупотребуван за дневнополитички калкулации“, се вели во соопштението.

Претходно синдикалците обвинија дека со недоаѓањето на владин претставник во ССМ на виделина излегле вистинските заложби на власта:

„Денеска паднаа маските, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови за да створат сомнеж кај работниците, денеска не дојде како што го поканивме, денеска тие имаа други приоритети, а се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати ниту зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати“

Но, мала криза и одма почнаа да наддаваат со зголемување на работничките плати, па така за борбата што ја водеше Синдикатот на УПОЗ скоро една година, за она што протестираа работниците во управата, она што тие од Владата одбиваа да го направат, денеска зборуваат дека ќе го прават.

Исто така, од ССМ посочија дека е коректно од Владата што го прифатила предлогот на УПОЗ: „Добро е што претставникот на Владата по големиот работнички протест го прифати предлогот на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството, а требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор“.

Клучни зборови

  • висина на плата
  • Влада
  • минимална плата
  • ССМ
  • упоз
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk